Родриго Дутерте прогласи победа на претседателските избори на Филипини
Поранешниот филипински државен обвинител и градоначалник Родриго Дутерте, прогласи победа на вчерашните претседателските избори на Филипини.
Овој политичар, кој во текот на предизборната кампања заговараше остри мерки за разрешување на домашните состојби, после 90 отсто од преброените гласови, уверливо е пред неговите противкандидати, со освоени 14,8 милиони гласови, или 39 отсто .
На второ место е поранешниот банкар, Мануел Роксас, кој има добиено девет милиони гласови, односно 23 отсто.
Државната изборна комисија соопшти дека резултатите кои ги објави штабот на Дутерте се уште не се верификувани, но тој изјави дека неговата предност е толку висока што повеќе никој не може да го престигне, при пребројувањето на последните десет отсто од гласовите на Филипинците.
Дутерте кој има прекар „казнувачот“ беше фаворит уште пред почетокот на изборниот процес, а беше постојано во водство во текот на предизборната кампања.
Тој тврди дека неговата победа е резултат на заложбите и ветувањата за ставње ред и законитост во земјата, оптоварена со корупција, политичко насилство, сиромаштија и голема нееднаквост меѓу луѓето.
Освен за нов претседател, Филипинците вчера гласаа и за нов потпретседател на државата, за сенатори како и за 18 илјади локални и општински функционери и градоначалници.
Во трката за нов потпретседател учествува и Фердинанд Маркос Јуниор, син на починатиот диктатор Маркос и на неговата сопруга Имелда. Тој и неговиот главен противкандидат Марија Леонор Робредо, водат „мртва трка“ па се претпоставува дека победникот нема да биде познат до самиот крај.
Изборите се одржаа во услови на остри мерки за безбедност, па властите ангажираа повеќе од 100 илјади полицајци.
Но медиумите во Манила јавуваат дека во текот на вчерашното гласање, седум лица биле убиени кога биле нападнати од заседа од непознати напаѓачи. Тешкиот инцидент се случил во градот Росарио, јужно од главниот град на земјата.
Во саботата во својот дом беше убиен еден кандидат за градоначалник.
Политичките противници на Дутерте го означуваат како „самопрогласен левичар“ а досегашниот претседател Бенињо Акино, предупредува дека тој би можел да предизвика „ враќање на диктатурата“ во земјата.
Ново на Сител
-
Апсења на аеродромот во Скопје и на границата „Деве Баир“
-
Димовски: Потребна ни е сплотеност и единство за опстојување и сочувување на македонската држава
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции