Роднина на починатата: Не можеше да дише, а ни рекоа да ја донесеме само кога ќе има позитивен тест на коронавирус
Не можеше да дише, се мачеше жената два дена, а преку прозор ни рекоа да дојдеме само кога ќе има позитивен тест на коронавирусот, вели Али Теља, зет на починатата жена од Струга.
66 годишната Немљуне Ибраими во четвртокот била однесена во болницата во Охрид со приоритетен упат .
Но според нејзиниот зет, таму им рекле дека ќе ја примат само кога ќе ги видат резултатите од позитивниот тест на вирусот.
Тие пак резултати не добиле, а само усно денеска им било соопштено дека починатата и нејзиниот сопруг се позитивни на тестот, додека зетот и ќерката се негативни.
Денеска таа е погребана, а сега нејзиното семејство одново ќе биде во 14 дневен карантин.
Од Министерството за здравство денеска најавија дека ќе се прави целосна ревизија на овој случај.
Ново на Сител
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна
-
Експерти: По обвинението првата антикорупционерка треба да се тргне од функцијата
-
Објавен тендер за трет мобилен оператор