Родителите шокирани од реакцијата на надлежните: Девојче (5) се боцнало на наркомански шприц во градинка

Петгодишно девојче се боцнало на врвот од наркомаски шприц фрлен во дворот на детска градинка.
Инцидентот се случил во градинка во Загреб. Девојчето го повредило показалецот и истиот ден е згрижена во болница, а вознемирените родители се уште ги чекаат наодите и се плашат дали нивната ќерка е заразена.
Според сознанијата на медиумите, основните наоди биле во ред, но тие всушност не говорат ништо проади времето за инкубација, која на пример, кај хепатитисот трае од 6 до 16 недели. Родителите три месеци подоцна ќе ги добијат првите вистински наоди, јавува Јутарњи.
Сепак родителите, освен самиот настан, најмногу се разочарани од недостатокот на реакција во градинката, но и од Градот. Обектот, кој се наоѓа во приземјето на стамбената зграда на адреса Свети Матеуја 73, не е ограден, односно нема контролиран простор за игра.
Целиот случај е пријавен на директорката, но и на надлежните градски тела.
Меѓутоа, од Градската управа немало никаков одговор.
Мајката на девојчето побарала од директорката што побрзо да се реши проблемот, но раководоството на градниката било незаинтересирано за проблемот. Потоа се обратиле на секретаријатаот за образование и кабинетот на градоначалникот.
Одговорот изостана, па родителите повторно испратија допис. Тогаш им се јавува началникот Миро Лацо и им објаснува дека нивниот допис го проследил до началникот во Секретаријатот за образоавние Ивица Ловриќ. Сепак до неден ништо не е направено.
На овој проблем, но и условите во кои работи градинката вчера на седницата на градскиот совет предупреди Бруна Есих, пратеничка и го праша градоначалникот Милан Бандиќ дали е запознат со случајот.
-Првпат слушам за тоа. Имс е извинвам на родителите. Утре ќе ја посетиме градинката и ќе направиме ограда и видеонадзор, порача Бандиќ.
Но судејќи според фотографиите од различни локации во градот, поставувањето на ограда околу една градника нема да го реши проблемот со се поголемиот број на шприцеви кои претставуаат опасност за сите менувачи, а најмногу за децата.
Локалните медиуми потсетуваат дека пред речиси месец дена на детското игралиште на ОУ Гроф Јанко Драшкович во Врапче, се пронајдени 13 шприцеви и игли, поради што родителтие побараа итно уредување на целиот простор и поставување на видео надзор за да се избегне можна трагедија.
Ново на Сител
-

Безбедносна проценка: Најмалку 49.000 мигранти нелегално влегле во Сеута во последните денови
-

И покрај забраната, австралиски тинејџери и понатаму се на социјалните мрежи
-

Приведен 63 струмичанец кој предизвикал пожар во дворот и на улицата на која живее
-

Милиони луѓе во Европа изложени на загаден воздух поради шумските пожари
-

Двегодишно дете од Куманово затруено со разредувач за боја, пренесено на Клиниките во Скопје
-

Паразитска епидемија во САД: Илјадници нови случаи за само една недела
-

Саудиска Арабија формираше воен сојуз за заштита на Црвено Море
-

И животните на удар од топлотниот бран - да бидат соодветно згрижени, со доволно свежа и чиста вода
