Живот
2. јуни 2018 - 13:19

Родителите го тужеа за да се исели од дома, а пред да си оди тој го возвратил ударот

Триесет годишниот Мајкл Ротонда, кој се исели од домот на неговите родители по судски пат , им викнал полиција на родителите поради лего коцки.

Пред да излезе од домот, од каде неговите рофдители го избркаа по судски пат по неколкум месечен спор и со одлука на Врховниот суд, Мајкл повикал полиција.  Тој ги викнал полицајците зашто наводно татко му не го пуштал да влезе во подрумот и да си ги земе лего коцките, што му припаѓале на неговиот осум годишен син .

Тој на медиумите им се пожали дека родителите не му помогнале во најтешкиот период од животот кога сакал да добие старателство врз неговиот син .

Таткото, по инцидентот со полицијата се договорил дека ќе ги собере коцките и дополнително ќе му ги даде. Тој замина во блискиот град за да прстојува во преноќиште, а потоа планира да живее во куќата на подалечни роднини.