Родители на загинатите во „Пулс“: Комеморацијата е задоцнета

Родителите на загинатите во трагедијата во Кочани денеска по комеморацијата во Собранието изразија разочарување од институциите кои, како што велат тие, не ги спомнале со име нивните деца кои загинаа.
- Денеска сме собрани овде, повикани од Владата за комеморација на нашите деца после една година од трагедијата. Очекувавме и се надевавме дека кога ќе дојдеме овде ќе им оддадат почит на нашите деца, но сè падна во вода. Комеморација за нашите деца – 63 жртви за една држава, со две страници читање, е голем удар за нас родителите. Ова не го очекувавме, ова е уште една голема рана за нас родителите, рече Габриела Наунова, мајка на загинатата Надица Наунова.
Таткото на Надица, Александар истакна дека очекувале барем имињата на нивните деца да бидат кажани.
- Очекувавме за секое дете да има барем по две минути, но, за жал, ниедно дете не беше удостоено со име и презиме. Една година чекавме државата да се одважи и да организира комеморација за нашите деца. Тоа требаше да се случи многу порано. Овој чин е многу задоцнет, но важен бидејќи покажува дека трагедијата во „Пулс“ не е само семејна болка туку и институционална одговорност. Затоа очекуваме институциите што поскоро да ја преземат својата одговорност и конечно да има вистинска правда, како што кажа и претседателот на Собранието, Гаши, рече Александар Наунов.
Тој додаде дека комеморативната седница била последна надеж за нив и дека сега ја изгубиле и неа.
- Ние родителите ќе ја бараме вистинската правда и се надеваме дека ќе ја добиеме. Комеморацијата беше изнудена, под притисок на нас родителите, рече Наунов.
МИА
Ново на Сител
-

Аксиос: САД размислуваат за заземање на иранскиот остров Харг за да го принудат Техеран повторно да ја отвори Ормуската Теснина
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
