Родители чувајте ги своите деца- Поради оваа игра загинале повеќе од 100 тинејџери
Играта „Синиот кит“ излезе во 2015 година, а за да стигнат до целта, играчите мораат да „решат“ вкупно 50 задачи дневно.
Во задачите е вклучено физичко и психичко повредување, од типот на: продупчување на рацете, будење во 4.20 часот, правење лузни, како и забрането разговарање со кого било во текот на целиот ден... Исто така, една од задачите е натпреварувачите да се искачат на висока зграда и да ги пуштат нозете слободно да им висат од работ.
Она што е најстрашно и бизарно е последната задача, а тоа е натпреварувачот да изврши самоубиство што ја симболизира и ја отсликува самата игра „Синиот кит“.
Задачите се делат преку лажни профили, а генерално правило е никому ништо да не му се кажува. Тие беспоговорно се извршуваат, независно какви се, а отворените групи се поврзани со депресивни цитати, слики, докази за тоа дека животот е бесмислен. Вкупно биле забележани 45.000 такви објави. Но, се покажало дека профилите биле лажни.
Резултатот од истрагата е апсење на неколку личности поради поттикнување самоубиство. Набрзо биле избришани сите јавни групи и објави кои се означени преку клучните зборови како што се син, кит, море, игра, тивок дом итн.
Корисниците кои продолжиле да ги употребуваат овие ознаки биле блокирани.
Играта е распространета низ регионот, а ја играле и тинејџери во Бугарија, Унгарија, Романија и Полска, а во Франција.
Ново на Сител
-
Родителите на децата Македонци при упис во училиште, не ја почитуваат реонизацијата
-
Филипче ги отфрла обвинувањата за таен план со ДУИ за хаос на изборите
-
Волонтерите од струмичкиот Црвен крст собираат училишен прибор за децата од социјално ранливите семејства
-
Пчеларите бараат повисоки субвенции
-
Прилеп утре повторно ќе добие јавен градски превоз по пауза од 3 дена поради штрајк на вработените во ЈП за ПУП
-
Цените на становите растат побрзо од платите, новите мерки на НБРМ ќе им помогнат на младите
-
Тема на денот со Урлих Цајтел, професор и советник во ЦДУ
-
Гувернерот најави поволни кредити за граѓаните кои прв пат ќе купуваат стан