Македонија
20. December 2019 - 10:35

Рочиштето за ТНТ почна со два часа пауза

Судијата даде два часа пауза за да можат адвокатите кои по службена должност се доделени да направат дополнителен увид во предметот.

На денесното рочиште обвинетите треба да дадат своја одбрана. Адвокатите цела ноќ правеле увид и истакнаа дека немале доволно време бидејќи предметот бил обемен и трае повеќе од 2 години.

Судијата на отстапи од својата одлука и даде пауза до 12 часот.

Пред Кривичниот суд група граѓани и советници од Гази Баба се дојдени во поддршка на  дел од обвинетите.

Мирјана Давидовска