Рочиштето за „Таргет Тврдина“ одложено за 13 декември
На 13 декември продолжува рочиштето за „Таргет Тврдина“ на СЈО во кое првообвинет е поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, поранешниот началник на Петтата управа во МВР Горан Грујевски и вработениот во УБК Никола Бошкоски, како и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, шефот на кабинетот на Мијалков, Тони Јакимовски, Владимир Варелов од УБК и уште пет други лица од Управата.
Пред почетокот на рочиштето, адвокатот на обвинетиот Мијалков побара одлагање поради закажаната јавна седница на Кривичниот совет кој треба да одлучува по жалбата за притвор на обвинетиот Сашо Мијалков, поднесена на 1.12.2018 година.
Претседателката на Судечкиот совет Џенета Бектовиќ по консултација со поротата го прифати барањето и го одложи судењето.
На денешното судење требаше да продолжи вкрстеното испрашување на сведокот Ѓорѓи Лазаревски кој на претходното рочиште во својата изјава ја објасни целата постапка на откривањето и изнесувањето на прислушкуваните разговори од УБК до Зоран Верушевски кој, пак, е исто така повикан за сведок за некои од наредните рочишта.
Ново на Сител
-

44-годишник загина откако со возилото излетал од патот на обиколницата Скопје - Тетово
-

Голем пожар во познатиот штипски ресторан „Мал одмор“ | ВИДЕО
-

Почна судењето за убиството на 79-годишна жена во Штип, обвинетиот не признава вина
-

За еден месец полицијата одзела 25 возила на подрачјето на СВР Охрид поради безобѕирно управување
-

Државјани од Србија и неколку македонски државјани кои беа евакуирани од Израел, пристигнаа во Белград
-

Кривичен суд: Реализирана прва екстрадиција од Емиратите во нашата земја
-

Четири ленти и велосипедска патека, започнува изградбата на булеварот „Борис Трајковски“
-

Мерц: Трамп ме увери дека американската армија ќе остане во Германија

