Рочиште за „Поткуп“, ќе се гледа снимката објавена на Јутјуб

На денешното судско рочиште за случајот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев треба да се гледа скратената снимка што беше објавена на Јутјуб.
Снимката требаше да биде пуштена во судницата на претходното рочиште, но тоа не беше направено, бидејќи немаше технички можности.
Пред Судот во врска со постапката за продажба на државно градежно земјиште исказ даваше Заев.
Тој рече дека во Струмица се градел најголемиот храм на Балканот, за кој неговата фамилија била најголем донатор.
- Моето семејство преку своите фирми беше прво што уплати пари на сметката за црквата. Донираа и најголем процент од градежните материјали, а јас како градоначалник лично од моја сметка уплатив пари за изградба на храмот, рече Заев.
Цената за продажба на државно земјиште, како што рече Заев ја одредува Владата и таквата одлука не зависи од општинските служби.
Заев на претходното рочиште беше испрашуван од неговите адвокати, од јавниот обвинител Валентина Бислимовска и од судијата Добрила Кацарска како обвинет во овој процес.
- Преку сите овие искази коишто се зедоа од мене како обвинето лице, од сведокот, гледањето на целосни видео снимки, онака како што постоеле, како и слушањето на телефонските разговори обезбедени од ПИ мерките и сите докази коишто ги дадовме во прилог, јас навистина очекувам да финишира овој процес онака како што ќе одлучи Судот и по ова јас очекувам ослободителната пресуда за овој предмет, изјави Заев по рочиштето.
Целосната снимка поради која Зоран Заев се товари за примање поткуп, беше пуштена на претходните рочишта во судницата без присуство на јавноста. Заев бараше снимката од ПИ-мерките да се пушти јавно, но Апелацискиот суд не го дозволи тоа. Според него, со емитување на скратената верзија од снимката му била нарушена честа и угледот.
Премиерот Зоран Заев е обвинет дека како градоначалник на Струмица побарал поткуп од 160.000 евра од бизнисменот Иван Николов Сачевалиев.
Ново на Сител
-

Томовски утре ќе поднесе тужба по серијата обвинувања на СДСМ дека негова семејна фирма добива милионски тендери од држaвата
-

Високи казни за маркетите кои ги билдаат цените, најави премиерот
-

Тема на денот со Ивица Томовски, директор на СОЗР
-

Бектеши не се потпишал на ниту една лиценца за “Пулс”, Сарачини издал лиценца за друг објект
-

Повредени од трагедијата во Пулс и по девет месеци се уште одат на физикална терапија
-

МВР со кривична за Оливер Спасовски
-

Филипче со резолуција против мигранти - Мицкоски му даде рок до пролет да најде барем еден мигрант
-

Владата сѐ уште нема потенцијален кандидат за замена на Коцевски
