Рјабков: Односите меѓу Русија и САД со Трамп не се ниту полоши, ниту подобри
Рускиот заменик министер за надворешни работи, Сергеј Рјабков изјави дека односите меѓу неговата земја и САД не се ниту влошени, но не се ниту ни подобрени со Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
- Не би рекол дека односите се во подлабока криза отколку во време на администрацијата на Барак Обама. Но, затоа е потребен напор за нивно поправање. Всушност, ние не успеавме да ја достигнеме неопходната динамика на подобрување, рече Рјабков во интервју за весникот „Известија“.
Како пти јави ТАСС, заменик шефот на руската дипломатија додаде дека оваа ситуација произлегува од повеќе фактори, од кои еден од најважните е тешката политичка конфронтација со САД.
- Некои многу сериозни и влијателни кругови и натаму не можат да се помират со победата на Доналд Трамп на изборите и се трудат да го искористат прашањето на односите со Москва за политичка борба, рече Рјабков.
Ново на Сител
-
Teма на денот за традициите и чествувањето на Бадник
-
Православните христијани го чествуваат Бадник
-
Од најмладите најавено Христовото раѓање
-
Голем Бадникарски концерт во Струмица
-
Божикна порака од Архиепископот
-
Колку чини Бадниковата трпеза?
-
Лекарите советуваат да се јаде и пие умерено за празниците
-
Штипјанецот Александар Трајковски 17-та година по ред донира пакети со храна за Бадник и Божик