Ристовски: Во министерството донесовме одлука да го прогласиме ракометот за спорт број 1
Во организација на специјализираниот портал за ракомет „samorakomet.mk“ денес во Скопје се одржува панел-дискусија „Ракометот спорт број 1?“. Во делот за стратегија, визија и форми на финансирање, за развој на ракометот учество зема и министерот за спорт Борко Ристовски за кого ракометот без сомнение е спорт број 1 во Македонија.
-Овaа теза сум подготвен да ја бранам пред секој. Сите ракометни репрезентации имаат учествувано или се пласирани на големи натпреварувања. Според тоа, логично е најголем број средства од субвенциите да одат во ракометот. Кога се зборува за форми на финансирање за развој во ракометот, подготвуваме стратегија која ќе ја направиме во соработка со федерацијата. Тоа е неопходно, изјави Ристовски.
Го посочи примерот од одбојката каде со два клуба веќе се договорени финансирање на тимови создадени од селектирани млади натпреварувачи кои преку учество во младински и сениорски лиги ќе стекнуваат искуство и ќе се развиваат.
-Ние секогаш се бориме за повеќе средства да влегуваат во спортот. Но против сме да се трошат државните пари без резултати. Мора да работиме плански.
Министерот се осврна и на спортската инфраструктура во Македонија.
-Во тек е обнова и реновирање на повеќе сали низ целата држава. Исто така во скоро време ќе почнат да се градат три нови спортски сали две во Скопје и една во Струмица. Планираме големи инвестиции во инфраструктура, бидејќи јасно ми е дека без услови нема резултати. Сакаме да направиме и оддел во нашето министерство за ние да стопанисуваме со салите, додаде Ристовски.
Министерот презема обврска да разговара со надлежните од СЦ „Борис Трајковски“ во насока намалување на цената што клубовите треба да ја платат за користење при одигрување натпревари.
Ново на Сител
-
Еврообврзница на почетокот на наредната година
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-
Убиство пред казино во Кавадарци
-
Фондот за здравствено осигурување лани платил 45 милиони евра за кардиолошки и кардиохируршки интервенции
-
Филипче: Нема сценарио за хаос на избори
-
Деканот на Градежен, Горан Марковски кандидат за градоначалник на Скопје од Независни заедно
-
Герасимовски бара граѓански кандидат за Совет
-
Стефковски: Историски развој на Гази Баба, реализирани 670 проекти за 4 години