Ристовски: Старите учебници ќе бидат заменети во наредните 10 дена

Заменик-минитерот за образование и наука Спиро Ристовски денеска рече дека очекува во наредните десет дена старите учебници да бидат заменети со нови.
Ристовски, кој присуствуваше на првиот акдемски час на Штипскиот универзитет, апелира, училиштата поконкретно да се занимаваат со потребата од замена на учебниците, зашто ресорното Министерство го реализира тоа што ќе го добие како информација од нив.
- Учебниците континуирано се заменуваат, како што беше и најавено од страна на нашето Mинистерство, се врши нивна комплетна дистрибуција, но истовремено треба да бидеме свесни дека станува збор за огромна количина учебници низ сите училишта во Република Македонија. Очекувам во наредните десетина дена да се заврши со процесот на замена зашто во текот на овој месец најголем дел е извршена замена на сите пријавени учебници од страна на училиштата, истакна Ристовски.
Одговорајќи на новинарско прашање дали ќе има зголемување на платата на наставниците, Ристовски нагласи дека корекцијата што се однесува на платите за сите службеници, ќе важи и за наставниците.
Во врска со реформите и екстерното тестирање, заменик-министерот напомена дека Министерството е отворено за предлози и дијалог со сите чинители во образованието за да се подобри квалитетот на образованието.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Салата „Работнички“ во Центар добива целосно нов лик и функционалност
-

Ботокс и трендови: Го бришеме ли карактерот? | Бобан Груевски | Sitel Podcast 135
-

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд
-

Општина Аеродром: Осуда за вандализмот во паркот „Бановина“, случајот пријавен во полиција
-

ЕСМ: Нормализирана испораката на парно за најголем дел од потрошувачите
-

Половина Скопје без парно
-

Хамнеи: Трамп е виновен за жртвите и штетите во Иран
-

Фатен бегалец од Затвор „Идризово“ и вратен во затворот
