Ристовски: Реновирањето во студентскиот дом „Гоце Делчев“ со одлична динамика
Реконструкцијата на вториот блок во студентскиот дом „Гоце Делчев“ се одвива со одлична динамика, веќе се завршени 50 проценти од процесот и очекувам до крајот на септември да биде комплетно реновиран, изјави заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски.
Тој денеска изврши увид во реализацијата на градежните активности околу реконструкцијата и реновирањето на Блок А во студентскиот дом „Гоце Делчев“ во Скопје.
- Целиот процес се спроведува од 14 кат движејќи се надоле. Сега сме некаде на половина од студентскиот дом со комплетно реконструирана инсталација за електрична енергија, поставување на парното и започнато е поставување на прозорци, изјави Ристовски.
Потсети дека со реконструкцијата студентите кои ќе треба да се сместуваат во текот следната година ќе имаат далеку подобри услови за престој и реализација на студиите.
- Во текот на вчерашниот ден е склучен и договорот со компанија што во летниот период траба да заврши со комплетно реновирање и промена на лифтовите во сите студентски домови, посебно во Скопје, истакна Ритовски.
На новинарско прашање во врска со најавените активности за изградба на нови студентски домови, Ристовски одговори дека се наоѓаат во фаза на евалуација на пристигнатите понуди и дека наскоро ќе биде избрана компанија што ќе започне со изградба на двата студентски дома „Невена Георгиева Дуња“ во Скопје и студентскиот дом во рамки на универзитетот во Тетово.
Директорката на студентскиот дом „Гоце Делчев“ Даниела Темелкова рече дека студентскиот дом располага со сместувачки капацитет за 1.200 студенти, а конкретнот блок А што моментално се реконстуира располага со 314 легла.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Топлотниот бран ги разгоре пожарите: Најтешко се гаснат пламените јазици кај Јасен
-
Тема на денот со Петар Арсовски
-
Преглед на вестите од светот
-
Министерството за правда и експерти ќе бараат решение за учество на независни кандидати на изборите наесен
-
ДКСК утре ќе му одговори на Собранието дали смее да бира претседател на Антикорупциска
-
Полицијата ја врати разрешената директорка од Демир Хисар од информативен разговор, не ја викнале денес
-
Мицкоски е подготвен да плати „политичка цена“ со непопулистички мерки против поскапувањето на храната