-->
-->
Ристоски: Данска е конкурентот за Варна
-->
Одбојкарската репрезентација на Македонија по трите победи во Варна на првиот турнир од Европската лига ја очекуваат уште три натпревар со истите ривали во Скопје. Расположението и атмосферата кај нашите одбојкари е секако добра во пресрет на новите натпревари.
- По трите победи поголемиот дел од рабоата за пласман на „Ф4“ во Варна е речиси завршен. Но, вниманието е сега кон дуелите во Скопје и тука ќе се решава патникот за Варна. Тоа може да биде решено уште во 1.коло кога играат Данска и Бугарија. Ако победи селекцијата на Данска и таа ќе се „вмеша“ во борба за несто кое носи пласман на завршниот турнир. Затоа наш најголем ривал е токму селекција на Данска, изјави селекторот Жарко Ристоски.
Македонија на турнирот во Скопје во четврток ќе игра против Албанија, во петок е дуелот со Данска, а во сабота противник ни е Бугарија. Натпреварите ќе се играат во СЦ „Борис Трајковски“, а почетокот на дуелите на Македонија е во 19:30 часот. Во терминот од 17 часот се играат другите натпревари: Данска – Бугарија (четврток), Бугарија – Албанија (петок) и Албанија – Данска (сабота).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕВРО2024: Тројца избодени со нож во фан зона во Штутгарт
-
Отстранети 40 кубни метри отпад од дива депонија на „Пластичарска“
-
Сараево: Ги убил братот и снаата, ја запалил куќата, па се самоубил
-
Поплавен погон на скопска фирма
-
Македонец пронашол изгубено девојче во Неа Флогита
-
Нови пријави за оштетени автомобили и поплавени објекти во Скопје
-
Прва седница на Владата, ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии
-
Најмногу дожд изминатото деноноќие наврнал во Куманово