Loading Video...
Фудбал
24. јуни 2020 - 12:34

Ристевски стрелец на победничкиот гол на Ујпешт

Кире Ристевски беше јунак на својот тим Ујпешт. Во меч од унгарското првенство нашиот репрезентативец во 84.минута го постигна победничкиот гол за својата екипа која со 2:1 славеше во дуелот Залаегершег. 
 
За Ристевски ова беше трет гол сезонава. Со новите освоени бодови тимот на Ујпешт сега  е пет бодови од опасната зона и е на чекор до опстанок во прволигашката конкуренција во Унгарија.