Фудбал
10. November 2016 - 16:05

„Рисовите“ слетаа во Гранада

Фудбалската репрезентација на Македонија по 4 часовен лет со Чартер авион пристигна околу 14ч во Гранада каде в сабота во 20.45ч го игра квалификацискиот дуел со селекцијата на Шпанија. 

Во Гранада не пречека  прекрасно сончево време и краткиот одмор репрезентативците ќе го одржат и првиот тренинг во 17.30ч.
Првите впечатоци се дека атмосферата во нашиот тим е на посакуваното ниво, играчите се расположени во секој момент за дружба со новинарите со што 4-часовниот лет мина во добар амбиент ако се изземе нешто подолгото слетување на аеродромот во Гранада но мошне безбедно и без проблеми.