Спорт плус
19. August 2016 - 12:17

Рио 2016: Со нов рекорд на игрите Ештон Итон го одбрани златото во десетобој

 
 Американецот Ештон Итон уште еднаш потврди дека е најсестран атлетичар во светот. 
 
Итон го одбрани олимпиското злато од Лондон, во десетобој и тоа израмнувајќи го Олимписки рекорд на Чехот Роман Шеберле од игрите во Атина 2004 година. 
 
Американцот по натпреварите во десетте дисциплини на крајот освои вкупно 8.893 бодови стигна до златото. 
 
Сребрениот медал му припадна на Французинот Кевин Кајер кој имаше само 59 бодови помалку, додека Дамјан Варнер од Канада ја освои бронзата.