-->
-->
Рио 2016: Олимпијадата не почната, а веќе соборен првиот Светски рекорд
-->
Иако официјално 31-те Летни олимписки игри ќе започнат по свечената церемонија на отворањето, ноќеска по 1 часот, веќе во Рио е соборен првиот Светски рекорд.
Вујин Ким од Јужна Кореја постави нов Светски и Олимписки рекорд во стрелање со лак и стрела во поединечна (машка) конкуренција.
Во денешните квалификации Ким оствари резултат од 700-ни погодени кругови што претставува нов Светски и Олимписки рекорд во оваа дисциплина, со што пак Кореецот се наметна како главен фаворит за златниот медал.
Негов конкурент ќе биде Американецот Брадли Елисон кој имаше послаб резултат за само 10 кругови.
Финалните натпревари ќе се одржат на првиот официјален ден на игрите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски од САД: Македонија е на иста линија со политиките на Трамп