РИК: Излезноста на изборите во Србија до 12 часот над 18 отсто
Републичката изборна комисија на Србија соопшти дека на парламентарните избори во земјата до 12 часот гласале 18,01 отсто од гласачите во Избирачкиот список.
Според податоците на ИПСОС Србија пристигнати од избирачките места, излезноста на изборите до 12 часот е 18,8 отсто.
Оценката на РИК е дека досега гласањето минува во мирна атмосфера.
Утрово во 7 часот беа отворени гласачките места заради одржување на редовните парламентарни, покраински и локални избори. Своето гласачко право можат да го искористат 6.583.665 граѓани на 8.386 гласачки места, меѓу кои и на 90 места во Косово и во 42 амбасади на Србија.
Граѓаните на Србија избираат пратеници за Националното собрание, во кое има 250 пратенички места. Денеска граѓаните на Автономната покраина Војводина ќе избират и 120 пратеници на Покраинското собрание, а ќе се гласа и за локалните собранија во градовите и општините на Србија.
На парламентарните избори за доверба на 6.583.665 гласачи оваа година се натпреваруваат 21 изборна листа листа на партии и коалиции, кои ќе се борат да го поминат прагот од три проценти и да освојат места во српскиот парламент. Дел од опозицијата ги бојкотира изборите.
Поради епидемијата на коронавирус РИК соопшти дека за сите членови на избирачките одбори се обезбедени одредени мерки на заштита, маски и ракавици. Самите гласачи не мора да носат маски, но РИК препорача истите да се носат и за сите гласачи обезбеди маски за денот на гласање.
Гласачките места ќе бидат затворени во 20 часот.
Резултатите од изборите РИК ги објавува во Службен весник, не подоцна од 96 часа по завршувањето на гласањето.
Ново на Сител
-
Пулмологија полна – Загадениот воздух причина за повеќе пациенти со компликации
-
Донација од Прилепска пиварница
-
Прво подготвителна седница па конечна одлука - Уставен следната година ќе одлучува за законот за јазици
-
ДУИ се заканува со нови протести – ВРЕДИ слави
-
Обвинителството оформи предмет за Груби и Беџети, истражува кој плаќал и кој земал поткуп
-
Ахмети: Ако се докаже корупција, Груби сам ќе ја напушти ДУИ
-
Лајчак: Искористете ја шансата за влез во ЕУ, да не останете запоставени
-
ОЈО побара притвор за 9 од вкупно 23 осомничени во акцијата ,,Адитив''