Спорт плус
23. јуни 2018 - 10:50

Ридско-брзинска трка во Кочани

По пауза од десет години, повторно ќе се вози традиционалната Авто-трка во Кочани. Имено, овој викенд  (23-24 јуни) на патеката Пониква, близу Кочани, ќе се одржи втората трка од домашниот шампионат на ридско-брзински патеки.

Организатор на Авто трката во Кочани “ РУЕН ПОНИКВА 2018” е АКК ПРИМО авј, во соработка со Општина Кочани и Ruen-Inox Automobile.  

На патеката долга 6 километри и 400 метри, учество ќе земат 25 домашни натпреварувачи, а се очекува и присуство на странски возачи. 

Официјалното отворање е закажано за в недела од 12:30 часот, а стартот на натпреварот е предвиден во 13:00 часот.

По успешниот старт на Водно, организаторот се надева дека ќе го врати сјајот на најатрактивниот спортски настан и во градот Кочани.

До крајот на натпреварувачката сезона во домашниот шампионат остануваат уште две ридско –брзински трки. Следната е во Крушево (04-05.08 2018) и Водно (10-11.11.2018).