Риболовното друштво „Шаран“ апелира да се следи состојбата со истечената нафта
Спортското риболовно друштво „Шаран“ од Македонска Каменица денеска изрази загриженост од можните последици по животната средина и живиот свет во реката Брегалница од истекувањето на нафтата по сообраќајната несреќа на магистралниот пат Делчево – М. Каменица, при што беше превртена цистерна со нафта.
Претседател на СРД „Шаран“ Горан Стоименовски, истакнува дека како риболовно друштво концесионер на езерото Калиманци, се загрижени за истекувањето на нафтата во почвата покрај патот која може да доведе до загадување на подземните води, но и до загадување на реката Брегалница чие корито се наоѓа во непосредна близина на местото на хаваријата.
- Ние будно ќе ја следиме состојбата и доколку забележиме помор на риби или каква било друга штета, соодветно ќе реагираме до надлежните инситуции и ќе бараме обештетување согласно со Правилникот за обештетување. Уште еднаш апелираме до надлежните, сериозно да ја сфатат ситуацијата, бидејќи нафтата е опасна по живиот свет и загадувањето на почвата може да предизвика далекусежни последици, затоа е потребно да се преземат итни и соодветни мерки за да се исчисти теренот, истакна Стоименовски.
Од СВР Штип денеска потенцираат дека според резултатите од увидот е констатирано дека се излеани околу 11 тони нафта од цистерната, но со истечената нафта не се зафатени околните ниви ниту коритото на реката Брегалница.
Ново на Сител
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Хаос во Советот на општина Кочани, тепачка, пцуење, повредена жена | ВИДЕО
-
Се очекува експерт за ампутации од Словенија, ќе се разгледаат опции за третман на повредените од дискотеката во Кочани
-
По седум години повторно отворен комплексот „Македонско село“
-
Борозан останува во Вардар и следната сезона
-
33-годишно лице нападнато во казино од обезбедувањето на објектот