-->
-->
РГ: Мареј во три сета до 1/8 финалето
-->

Вториот носител на Ролан Гарос, Енди Мареј без проблеми со 3-0 во сетови го совлада Иво Карловиќ и избори пласман во осминафиналето. За разлика од првите две кола кога играше по пет сета Мареј денеска во мечот од 3.коло на теренот одигра само три сета. Негов противник ќе му биде победникот од мечот Џон Изнер – Темураз Габашвили.
Кај мажите покрај Мареј осминафинале изборија уште Милош Раониќ и Алберт Рамос – Винолас. Пласман во осминафиналето обезбеди и Ришар Гаске.
Во женска конкуренција ланската финалистка Луси Сафарова го заврши настапот оваа година во 3.коло откако во три сета загуби од Саманта Стосур со 2-1 во сетови. Стосур на Ролан Гарос во финалето играше во 2010 година. Убедлива денеска беше Гарбине Мугуруза која со само три загубени гема ја победи Јанина Викмаер. Настапот во оваа рунда го заврши и Петра Квитова, која загуби со 2-1 од Шелби Роџерс.
Пласман во осминафиналето обезбедија уште и рпманските тенисерки Симона Халеп и Ирина Бегу, како и Светлана Кузнецова.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Катерина Ацевска светска вицешампионка во џиу – џицу
-

ЦУК: До 18 часот 11 пожари на отворен простор, од кои три се активни - изгаснат пожарот кај село Чифлик
-

Почина таткото на Меси
-

Товарен и патнички воз се судрија во Хрватска, 19 повредени
-

Мицкоски: Карпалак е наша заедничка рана, но и наша обврска да паметиме
-

Охриѓанец на викенд отсуство од затвор ја нападнал својата мајка
-

Гостиварец со „јагуар“ прегазил осумгодишно девојче
-

Малолетник тешко повреден во сообраќајка помеѓу два мопеди
