Ракомет
28. јуни 2016 - 23:04

РФМ гости на кампот „Кирил Лазаров“

Во текот на денешниот ден Претстедателот и Генералниот секретар на РФМ г. Живко Мукаетов и г. Филип Милошевски, беа во посета на вториот ракометен камп „Кирил Лазаров 7“ каде што на лице место имаа можност да се запознаат со условите кои ги нуди спортскиот комплекс пред хотелот „Аквалина“ во Охрид и се она што е до сега е реализирано на кампот на најдобриот македонски спортист, Кирил Лазаров.
Раководните лица на најуспешната спортска федерација изразија задоволство од начинот на кој се развива самиот проект, од зголемениот број на учесници и условите кои од година во година се се подобри.  
Она што беше исто така важно и потенцирано од Претседателот на РФМ, г. Мукаетов е и учеството на многу наши тренери, сегашни и екс репрезентативци и селектори на најдобрите национални селекции што исто така преставува една придобивка плус за македонскиот ракомет имајќи предвид дека за време на кампот се реализираа неколку предавања и панел дискусии. На крајот беше забележано дека направен е сериозен чекор напред во однос на организација на ракометниот камп на капитенот на националниот тим во повеќе области.
Средба со учесниците од Данска
Г. Живко Мукаетов во функција на почесен генерален конзул на Кралството Данска во Република Македонија оствари средба со дел од учесниците на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“, кои доаѓаат од Кралството Данска посакувајќи им пријатен престој во нашата држава. Нашите гости од Данска изразија воодушевување од организацијата на симиот настан, од убавините на Охрид и пред се од македонското госторинството. 
Еден од двата тренери кои партиципираат заедно со учесниците од Данска, Микаел Пализгард, тренер на данската екипа Ајакс Копенхаген најави дека на следниот камп на капитенот ќе партиципираат во уште поголем број.