Резултати од македонската пинг-понг лига

Моќта на пластичното топче, најсофистицираните дрва и гуми, највештите дланки и оваа година напишаа убави страници за нашиот спорт во Република Македонiја. Ние планетарно ја немаме како спорт таа медиумска и финансиска моќ која ја имаат другите спортови, меѓутоа емоциите кои играчите ги влечат токму на пинг понгот и врвните на моменти нестварни, роботизирани потези на светските мајстори ги оставаат гледачите без збор а спортските тв и интернет шпици ги прават неверојатни. И во Mакедонија имаме мајстори на занаетот кои се натпреваруваат во повеќе лиги. Па тука ги набројуваме есенските шампиони како и пласманот на другите клубови:
Во Телеком Супер лигата есенски првак е Вардар кој го дели првото место со Работнички со ист број поени 13. Следуваат шампиони ФА со 12, Младост со 11 итн.
Во Телеком Првата лига, есенски првак е Телеком НЕЦ со 14 поени пред Кочани, Мултитекс и Пелистер со по 12 поени и тн.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Борче Треновски универзитетски професор
-

Го исполни ли Ѓорѓиевски ветувањето - чист град за 72 часа?
-

Премиерот готви реконструкција – партиите се спремаат за конгреси
-

Во петок ќе почне комисиската расправа за предлог - буџетот за 2026
-

АХВ спречи 37 тони небезбедна храна да стигне до потрошувачите
-

СДСМ обвинува дека скандалот е поголем
-

Тутунарите очекуваат повисоки цени
-

Панел-дискусија на МОН во Тетово: Технологијата во образованието е помошник, но не и замена за наставникот
