Ревизијата на Агрокор покажа големи загуби на Конзум

Ревизорскиот извештај покажa дека во малопродажниот дел на Агрокор лани се остварени нето загуби од 2,2 милијарди куни (293 милиони евра) од кои 1,9 милијарди куни во Конзум (253 милиони евра). Тоа го изјави стечајниот управник во Агрокор, Анте Рамљак, претставувајќи ги резултатите на компанијата.
Во малопродажниот сегмент ревизијата ги опфатила „Конзум“ и „Тисак,“ а вкупниот негативен ефект во 2015 и 2016 година во тој сегмент бил 2,5 милијарди куни, наведе Рамљак.
Тој истакна дека загубите на вредноста по компаниите би биле многу поголеми доколку не се донел „Лекс (Lex) Агрокор“. Рамљак соопшти дека некои работи биле погрешно книжени и во 2015 година, поради што правеле ревизија и за таа година.
- Во 2015 година Конзум, официјално имал профит од 215 милиони куни (28,7 милиони евра), но вистинската загуба на Конзум е милијарда и 400 милиони куни (187 милиони евра), истакна Рамљак, дополнувајќи дека разликата се гледа и во другите фирми од овој концерн.
Ревизорскиот извештај за најзначајните фирми на Агрокор покажуваат дека вкупната загуба изнесувала 3,2 милијарди куни (427,5 милиони евра).
Опсегот на ревизијата на Агрокор опфаќа 27 друштва, кои се обврзани на законски ревизии во Хрватска, три друштва во Србија и три друштва во Босна и Херцеговина, при што се опфатени 99 отсто од вкупниот приход, односно 98 проценти од групната добивка за 2016 година.
Рамљак најави дека в понеделник ќе биде објавено колкава е вкупната загуба на групите Агрокор и Агрокор д.д. Тој дополни дека компаниите на Агрокор вредат 13 милијарди куни (1,7 милијарди евра) помалку отколку што било прикажано.
Сепак, Рамљак е уверен дека ќе се постигне договор со доверителите, а оптимизмот го темели на добрите деловни резултати во првите овогодишни месеци. Тој потенцираше дека вработените не треба да стравуваат за своите работни места.
Ново на Сител
-

Официјално: Искра Хаџи Василева победи на денешните избори
-

Најмалку 64 мртви и повеќе од 179 повредени во судирот меѓу двата воза во Шпанија
-

Во двата воза што се судрија во Шпанија имало над 544 патници
-

580.000 евра од Германија легнале на сметка на 71-годишна жена од радовишко – со парите синот градел бесправно и купувал имот
-

Мицкоски му честитал на Срдановиќ за изборната победа, очекува продлабочување на економската соработка со Србија
-

Стојна не се откажува од наплатата за Куклица – се заканувала на посетители, па полицијата ја привела
-

Охрид: Египќанец украл телефон и пари од гости во хостелот каде што престојувал
-

35-годишна жена нападнала полицаец во Куманово
