Loading Video...
Ракомет
19. May 2021 - 11:45

Реванш дуели од 1/4-финалето во ракометната Лига на шампиони

Денеска и утре во ракометната Лига на шампиони се играат деванш дуелите од четвртфиналето по кои ќе ги дознаеме четирите екипи кои ќе играат за завршниот фајнал-фор турнир. 
 
ПСЖ ќе треба да ја надополни негативата од два гола во дуелот против Кил кој на првата средба во Германија славеше победа со 31-29. 
 
Потешка задача ќе има вториот германски претставник Фленсбург кој во дуелот на домашен терен против Анборг ќе стартува со -5 гола, бидејќи на првата средба во Данска загуби со 26-21. 
 
Денешните два натпревари ќе започнат од 18:45 и 20:45 часот, термини во кој утре ќе се играат и преостанатите две средби. А, во нив. 
 
Нант со Кирил Лазаров на гостувањето со Веспрем замина со четири гола пресднот (32-28 на првиот меч за францускиот тим), а и Барселона ќе стартува со +4 гола во дуелот против Мешков кој во Брест го совлада со 33-29.