„Ретвитни оброк“ третпат во Кабинетот на претседателот Пендаровски
Претседателот Стево Пендаровски, неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска и членови на Кабинетот денеска подготвуваа храна за бездомни и социјално загрозени лица, како поддршка на долгогодишната активност на неформалната граѓанска иницијатива „Ретвитни оброк“.
Ова е трета по ред заедничка активност на Кабинетот на претседателот и „Ретвитни оброк“ при што досега се подготвени 300 оброци. За денешната подготовка на топли оброци, првпат е обезбедена донација од намирници, а поради претстојните велигденски празници, менито вклучува посна храна.
![]()
– Поздравувајќи ги досегашните активности на „Ретвитни оброк“, претседателот Пендаровски посочи дека споделување грижа за најранливите категории на граѓани е особено важно во овој тежок период на пандемија, кога многу наши сограѓани се соочуваат со егзистенцијални проблеми. Сопругата на претседателот истакна дека е значајно одржувањето на континуитетот во заедничката активност, особено поради зголемената потреба од солидарни оброци предизвикана од здравствената и економската криза наметната од пандемијата, при што изрази надеж за поголема вклученост на што повеќе лица и донатори во оваа хуманитарна акција, соопшти Кабинетот на Пендаровски.

Граѓанската иницијатива „Ретвитни оброк“ и здружението „Вистински дела на љубезност“ веќе шест години им помагаат на социјално загрозени лица. Двете организации беа дел и од хуманитарната акција „Волонтираме за солидарно општество“, иницирана од Кабинетот на претседателот Пендаровски.
Ново на Сител
-

Милевски: Потфрливме комплетно, не бевме на потребното ниво
-

По осум месеци од пожарот започнува судењето за несреќата во „Пулс“, 63 жртви, 38 обвинети
-

Во Собранието интервјуа на уште петмина кандидати за претседател на ДКСК
-

И Сенатот изгласа објавување на досиејата на Епштајн
-

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2026 година
-

Белгиски пратеник говори веќе 26 часа во обид да блокира усвојување на Предлог-закон
-

Средба на кинескиот премиер Ли Чијанг со Путин во Москва
-

Без струја делови од Шуто Оризари, Кисела Вода и Кондово
