Фудбал
3. јуни 2017 - 10:04

Ретро: ТВ Сител на финалето во Амстердам 1998

Финалето во 1998 година за кое многу се пишува деновиве се одигра во Амстердам, а Реал со голот на Мијатовиќ го совлада Јувентус со 1-0. 

ТВ Сител имаше свој преставник на ова големо финале на Амстердам Арената во името на Зоран Николовски од спортската редакција. 
Ова е само едно потсетување на ова големо финале но и на присуството на ТВ Сител на сите големи настани и натпреварувања. 
Посебно за раскажување беше ноќта по мечот кога шпанските и италијанските навивачи заедно славеа во амстердамските кафулиња без ниту еден инцидент во името на фудбалот и спортот. 
Вечерва во Кардиф се игра реприза на овој меч.