Ретки затворски казни за деловните луѓе

Дубровачки вјесник - Дубровник
Судската статистика за 2014 година покажува дека хрватското судство многу ретко осудува деловни луѓе на затворска казна. Според наведената статистика, домашните бизнисмени најчесто добиваат условни казни, а покрај затворските, ретки се и паричните казни!
Статистиката укажува на податокот дека и кај затајување на данокот, кое во многу држави е едно од најтешките кривични дела, сите 13 осудени затајувачи на данок се извлекле со условна казна, без каква било парична казна!
Податоците укажуваат дека и вршителите на многу други стопански кривични дела имаат одлични шанси да избегнат затвор. Имено, нешто поризична постапка по судбината на претприемачот, е злоупотреба на овластувањата во стопанската дејност каде на пример за 14 од 44 такви кривични постапки биле временска казна затвор. Во случај на 122 постапки поради кривично дело измама, само 66 директори добиле 66 затворски казни.
Деловното списание Лидер го истакнува и интересниот однос на судството кон митото во контекст на службената дејност: примањето на мито во пракса е поризично од злоупотребата и измамите во работењето, бидејќи меѓу 28 пресуди за земање на мито, само 6 се условни. Истовремено, од друга страна, од 26 фирми обвинети за давање на мито, само пет директори се осудени на затворска казна.
Според статистиката релативно е мал ризикот, дури и помал од затворска казна, за казнување со парична казна. Судот изрекол парични казни за прекршоци на само 6 осудени стопанственици, од кои на три лица поради малверзација во односите, а казните се изречени на двајца легални трговци и еден нелегален производител.
Сето тоа влијае на претприемачката клима: според поимањето за правото и правичноста од страна на поголемиот дел на хрватската јавност, довербата кај јавноста во правната држава и безбедноста на обичните граѓани е уште помала, бидејќи по разгледувањето на жалбите и второстепенските постапки, многу малку директори отслужуваат затворска казна или пак не плаќаат парични казни.
Ново на Сител
-

Уапсен 28-годишен кумановец баран за издржување затворска казна од 3 години
-

До петок облачно со повремен дожд, а на планините снег
-

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев сакале да ја преземат болницата „Жан Митрев“
-

Кошта: ЕУ и Индија отвораат ново поглавје во трговијата, безбедноста и врските меѓу луѓето (ДПЛ)
-

Мисајловски: Годинава пристигнуваат сите 42 борбени возила „Страјкер“ за Армијата набавени од САД
-

Невремето затвори 242 училишта во Северна Ирска, главните патишта блокирани
-

Уапсен возач од кратовско, возел со 3,19 промили алкохол во организмот и излетал од патот
-

Петмина кандидати за државен јавен обвинител, се чека на евентуални пријави по пошта
