Рестрикции за шест милиони жители на кинескиот град Џенгџу поради коронавирусот
Властите на градот Џенгџу во централната кинеска провинција Хенан, денеска наредија ограничувања и затворање на шест милиони луѓе по регистрираните случаи Ковид-19. Локалните власти наредија голема скрининг-кампања во неколку градски окрузи.
Жителите на центарот на градот не смеат да ја напуштат областа без негативен ПЦР-тест и дозвола од локалните власти. Исто така, им се советува да не ги напуштаат своите домови.
Мерките се однесуваат на половина од жителите на Џенгџу, но не ја покриваат областа на фабриката за изработка на телефоните „ајфон“ каде што веќе се воведени ограничувања за вработените.
Демонстрации на вработените избувнаа вчера во големиот индустриски комплекс “Ајфон сити” во Џенгџу, каде се вработени околу 200 илјади луѓе, од кои повеќето и живеат таму.
Според вработените и видеата објавени на социјалните мрежи, работниците протестирале поради спорните договори, но и строгите рестриктивни мерки за контрола на Ковид-19.
Соочени со зголемен број на заразени во последните месеци, дел од работниците избегаа на крајот на минатиот месец, жалејќи се на хаосот и неорганизираноста што владее во комплексот што е под карантин.
Министерството за здравство денеска објави нов рекорд по бројот позитивни случаи на Ковид-19 во последните 24 часа. Регистрирани се 31.444 случаи на инфекција, од кои 27.517 асимптоматски. Таа бројка го надминува претходниот рекорд од 29.317 случаи од средината на април кога беа воведени органичувања во Шангај.
Ново на Сител
-
ОАЕ се соочуваат со нагло зголемување на температурите ова лето, температурите достигнуваат 51,8 степени
-
Анкета на српските студенти во блокада: Поддршката за СНС под 40 проценти
-
САД може да бараат гаранции до 15.000 долари за некои туристички и деловни визи според новата пилот-програма
-
Вардар ја одреди цената на влезниците за дербито со Пелистер
-
Најчестите знаци на анксиозност кај децата
-
Земјоделските култури под топлотен стрес, се очекува врнежите да ја подобрат состојбата
-
Невреме во Скопје проследенo со пороен дожд, грмежи и силен ветер
-
Земјотрес на подрачјето Тетово - Гостивар со интензитет од три степени