Македонија
11. December 2024 - 16:43
Реставрација на споменици на културата
Заврши конзервацијата и реставрацијата на Споменикот на слободата во Кочани. Културно наследство во Македонија, кое беше оставено на забот на времето.
Амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство одвои 245 илјади долари за архитектонското и уметничкото дело на авторите Григор Чемерски и Радован Раџиновиќ.
Првиот човек на култура, вели дека во буџетот за следната година се предвидени средства за реставрација на спомениците за културно наследство, но приоритет ќе се стави на вработувањата, кои се неопходни во оваа област.
Надлежните најавија дека ќе започне и реконструкцијата на скопскиот аквадукт, кој го преживеа и скопскиот земјотрес во 63-та.
-
Габриела Лескова
Сите содржини од овој новинар
-->
-->