Решена мистеријата со авионот на дното на езеро на Гугл Мапс

Конечно е решена мистеријата со снимката од Гугл Мапс на која се гледа патнички авиот „потопен“ во едно американско езеро.
Снимката на која изгледа дека авион се наоѓа на дното на езерото Хариет близу Минеаполис, до сега ги мачеше локалните власти кои се обидуваа да утврдат што тоа снимил сателитот на Гугл.
Во архивите не се пронајдени никакви податоци за авион кој се урнал во езерото.
Пред да почне масовната хистерија и ширењето на разни теории на заговор, се огласи потпаролот на Гугл Мапс, Сузан Кадреч, која понуди многу едноставно решение за загатката.
Според неа, во моментот кога е направена сателитска снимка, најверојатно авион го надлетувал езерото, па на неа се чини како леталото да се наоѓа на езерското дно,
- Накратко, секоја сателитска снимка која ја гледате на картата е компилација на неколку слики. Објекти кои брзо се движат, како авиони, се појавуваат само во една од големиот број слики кои ги користиме за одредено подрачје, рече Кадреч за „Минеаполис Стар Трибјун“.
Езерото Хариет е осум километри оддалечено од аеродроот Сент Пол во Минеаполис, каде годишно полетуваат или слетуваат околу 400.000 авиони. Со оглед на тоа дека езерото се наоѓа под рута низ која летаат авионите, објаснувањето е и повеќе отколку логично, пишува „Индепендент“.
Ова не е првпат авион да се појави на чудно место на картите на Гугл. Авиони беа „забележувани“ на детски игралишта во Њујорк, како и на дното на Атлантскиот Океан недалеку од Лонг Бич.
Ново на Сител
-

Достојно ќе биде одбележан споменот на Светите Кирил и Методиј во бигорскиот скит посветен на солунските браќа во село Битуше
-

ЕК ги поздрави усвоените изборни закони во Србија
-

Голоб: Парламентарните избори во Словенија се нелегитимни поради израелско мешање
-

Уапсен крадец во Гостивар за издржување на казна затвор од 16 месеци
-

МОБ: Македонската оперска сцена изгуби исклучителен уметник, врвен интерпретатор и човек, кој остави длабока трага во македонската музичка култура
-

Ракометарите на Вардар го пречекуваат Тиквеш
-

КЗК : Констатирани неправилности кај неколку откупни центри кои вршат откуп на овошје и зеленчук
-

Оперскиот пејач Ристе Велков меѓу загинатите во тешката сообраќајна незгода
