Републиканците победија на неизвесните конгресни избори во Џорџија

Американската Републиканска партија победи во неизвесната изборна трка во една изборна единица во Атланта во сојузната држава Џорџија, за испразнето место во Претставничкиот дом на Конгресот на САД.
Кандидатот на републиканците Карин Хендл освои 53 отсто од гласовите, додека за кандидатот на Демократската партија, Џон Ософ гласаа 47 отсто од гласачите.
Изборите во главниот град на Џорџија се одржаа затоа што досегашниот конгресмен Том Прајс стана секретар за здравство во админстрацијата на претседателот Доналд Трамп.
Гласачите требаше само да изберат наследник на Прајс, но изборите во Атланта добија многу поголемо значење во американската политичка јавност, откако беа прогласени како своевиден референдум за политиката на Трамп.
Слични избори имаше и во една изборна единица во сојузната држава Јужна Каролина, која е традиционално упориште на републиканците, на кои одново победи кандидатот на владеачката партија Ралф Норман совладувајќи го демократот Арчи Парнел.
Изборите и во оваа сојузна држава се одржуваа по повлекувањето на досегашниот конгресмен Мик Малвени, кој во сојузната администрација на Трамп стана директор за буџет.
Според медиумите во САД, конгресните избори во Џорџија се најскапите во американаката политичка историја, затоа што двајцата кандидати за нив потрошиле рекордни 56 милиони.
Изборната единица во Атланта важи за прорепубликанска и на претходните избори за Конгресот, кога победи Прајс, разликата меѓу него и демократскиот противкандидат изнесувала 23 отсто.
На овие избори Ософ успеа да ја сведе разлика на шест проценти, но не и да победи, со што не се исполнија очекувањата на демократите дека ке го искористат нискиот рејтинг на претседателот Трамп.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
