Република Северна Македонија избрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиско оружје
За време на 29-та сесија на Конференцијата, Република Северна Македонија, денеска успешно е реизбрана за членка на Извршниот совет на Организацијата за забрана на хемиското оружје (OPCW) за периодот 2025–2027 година.
Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија соопштија дека на гласањето, кое се одржало денеска во Хаг, нашата кандидатура освоила 86 гласови, во конкуренција со три држави за две слободни места.
Министерот Муцунски, се вели во соопштението, на својата фејсбук страна истакнал дека овој реизбор е потврда за нашата посветеност кон глобалните напори за разоружување и уништување на хемиското оружје, како и за нашата активна улога во поддршката на целите и принципите на Организацијата.
-Во следниот период, остануваме целосно посветени на зајакнувањето на меѓународната безбедност и примената на Конвенцијата за забрана на хемиското оружје, заклучил министерот Муцуски во својата објава.
Ново на Сител
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски
-
Коцевски му одговори на премиерот
-
Отпочна со работа Флекс Брокер, третата компанија во Флекс Групацијата
-
Кредит за фирмите
-
Пренатрупаност во затворите