-->
-->
Репрезентативците посакуваат серија на добри резултати
-->
Македонската фудбалска репрезентација попладнево одржа тренинг во центарот „Петар Милошевски“ , прв по враќањето од Лихтенштајн каде оствари квалификациска победа од 3-0. Според селекторот Ангеловски дуелот со Белорусија е можност да направиме серија на добри резултати по подолго време:
„Секој резултат позитивен е значаен за нас затоа што знаеме какви резултати во минатото бележеше репрезентацијата.
Еве оваа победа во Лихтенштајн добро ни дојде за да дадеме се од себе против Белорусија и да врземе два резултати во серија. Се работи за добра селекција и мислам дека Белорусија е тука некаде на наше рамниште“
Средбата со Белорусија се игра на Арената Филип Втори со почеток во 18ч (Директно на ТВ Сител 3).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар
-
Коенигсег Џеско го победи Римак и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили
-
Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина