-->
-->
Репрезентација до 18 години: Македонија поразена од Унгарија и во втората средба
-->

Македонската репрезентација до 18 години беше поразена од Унгарија со 3:0 на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции на Телки тренинг центарот на Унгарската фудбалска федерација.
Младата репрезентација на Унгарија одлично ја отвори средбата и во 14 минута преку одличниот Филип Драгонер поведе со 1:0. Најубавата можност за постигнување погодок во првиот дел кај избраниците на Јетон Несими ја имаше Милан Ристовски, меѓутоа завршниот удар беше непрецизен. Во продолжението од мечот противникот постигна уште два гола. На 2:0 зголеми Сцилаџи Золтан во 55 минута. Конечните 3:0 ги постави Џорџи Камарас во 80 минута.
УНГАРИЈА – МАКЕДОНИЈА 3:0 (1:0)
(1:0 Филип Драгонер 14`; 2:0 Сцилаџи Золтан 55`; 3:0 Џорџи Камарас 80`)
МАКЕДОНИЈА: 12. Ристо Јанков 13. Филип Гичевски (19. Антонио Митрев) 15. Виктор Стојковски 5. Нехар Садики 6. Медин Бајрами 7. Емил Абаз 9. Милан Ристовски 10. Давор Здравковски (к) (8. Бенџамин Мустафиќ) 11. Албан Сулејмани 18. Елиф Елмаз 20. Дарко Додев;
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почнуваат 16-те денови на активизам против насилството врз жените
-

Преглед на вестите од светот
-

Продолжува судењето за пожарот во Пулс
-

Премиерот не е задоволен од работата на Обвинителството
-

Климатските промени влијаат врз економиите
-

Пропадна тендерот за Универзална сала
-

Општина Штип издвои 600 000 денари за најдобрите ученици
-

Преглед на вестите од светот
