Репортажа за „Струшки книжевни средби“ во романското списание „Хелис“
На насловната страница на романското книжевно списание „Хелис“ во печатена и електронска верзија објавена е репортажа со наслов „Хелис во Струга“, на новинарот Василе Јордаке.
Списанието за книжевност „Бранувања“ од Струга информира дека медиумот отстапил поголем простор, за заложбите и придонесот на „Хелис“ во романско-македонските врски и неговиот севкупен влог во градењето на книжевните релации.
Новинарот, како што е наведено во соопштението, се повикува на објавите во македонските медиуми за добитниците на меѓународната награда „Струшко слово“ што ја доделува ревијата за книжевност „Бранувања“, а добитници се романскиот писател Ѓорѓе Добре и универзитетската професорка Виолета Димова од Македонија.
- Со опширен приказ на културните релации меѓу Република Романија и Република Македонија, потврдено е учеството на романските писатели Ѓорѓе Добре и Никола Теохарие на годинашните „Струшки книжевни средби“ што од 7 до 9 јули ќе се одржат во Струга, Охрид и Вевчани. На манифестацијата ќе учествуваат писатели од Македонија, Албанија, Бугарија, Србија, Словенија, Полска, Хрватска, а на Добре ќе му биде врачена престижната награда „Струшко слово“, се вели во репортажата на новинарот Јордаке.
Во последниот број на „Хелис“, објавени се и песни на македонските поети Христо Петрески, Славе Ѓорго Димоски и Милован Стефановски.
Ново на Сител
-
Илјадници верници во Ватикан чекаат „бел чад“
-
Литија со моштите на Свети Георгиј ја освети Струга
-
Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вице премиер
-
Првиот приватен универзитет во Македонија АУЕ–ФОН одбележува 22 години од основањето
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата