-->
-->
Реновиран Центарот за вработување во Крива Паланка
-->
Кривопаланечкиот Центар за вработување доби комплетно нов лик. Извршена е реконструкција на целиот објект со површина од 370 метри квадратни со средства од Европската унија.
- Реконструкцијата се изврши со средства кои МТСП ги одезбеди во рамки на ИПА програмата на ЕУ во износ од два милиона евра со кој беа реконструирани 12 центри за вработување во државата, како и повеќе центри за социјална работа и дневни центри. Реновирани се девет канцеларии, два работни клуба и останатите простории, изјави Грозде Ѓоргиевски, директор на Центарот за вработување - Крива Паланка.
Направена е современа термоизолациска фасада, со што зградата е енергетски ефикасна.
- Поставено е внатрешно греење и ладење, а со комплетната замена на покривната конструкција решени се проблемите кои ги имавме во однос на протекување при мали временски непогодности, бидејќи покривот беше во исклучително лоша состојба, додаде Ѓоргиевски.
Објектот беше реновиран прв пат од неговата изградба и ставање во функција, во 1961 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Тема на денот со Ненад Марковиќ
-
Советниците на средба со превозниците во Град Скопје
-
Уставни измени
-
Преглед на вестите од светот
-
Редовна седница за пратенички прашања
-
Шилегов со ,,Во бестрага'', ВМРО-ДПМНЕ со критики: СДСМ доби ново раководство
-
Сиљановска во официјална посета на Црна Гора