Рене Зелвегер: Лага е дека сум ги опреирала очите и лицето
Актерката Рене Зелвегер преку колумна во „Хафингтон Пост“ се обрати до медиумите и јавноста, во која ги демантираше гласините за направена естетска операција.
- Молам да бидам заобиколена во врска со изгледот. Не дека некому должам објанување, но не сум правела естетки корекции околу очите, ниту сум го менувала изгледот на лицето, објасни Зелвегер (47).
Гласините зачестија откако беа објавени трејлери за новиот дел од франшизата Бриџит Џоунс, трет од популарната романтична сага.
Во текстот „Можеме ние подобро“, глумицата зборува за општествените притисоци кои се вршат над жените да изгледаат и да стареат на одреден начин.
„Јас сум среќна. Вистински благослов е што избрав креативен живот и имам можност да работам работа која има смисла и која ме исполнива“, пишува Зелвегер.
„Можеби би требало повеќе да зборуваме за вистинските општествени проблеми и за тоа како да ги решиме“, заклучува наградуваната актерка.
По објавувањето на текстот, голем број ѕвезди се јавија да и пружат поддршка на Твитер, а меѓу нив и Ребел Вилсон.
На сличен начин неодамна регираше и Џенифер Анистон, која медиумите често ја прогласуваат за трудна.
Ново на Сител
-
Македонските фудбалери вечерва играат против Ерменија
-
Злато и сребро за македонските натпреварувачи на џуи џицу Меѓународен турнир во БиХ
-
Бетербиев нов апсолутен боксерски првак во полутешка категорија
-
Модриќ го прескокна Рамос, пред него само Роналдо
-
МВР: Санкции поради неправилности при вршење јавен превоз со автобус
-
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ само бараат причина за дестабилизација
-
За еден ден три лица каснати од кучиња скитници во Скопје
-
Загина велосипедист во Гостивар