Ременски: Епитетот хибрид е на повисоко ниво од она што беше заробена држава
Јас ги читам и ги следам многу повеќе меѓународните извештаи и оние кои што не се во фокус на медиумите, а се длабоко специјализирани во области во кои што професионално делувам и творам. Верувајте, нашето рангирање или добивање на тој епитет хибрид, односно многу повисоко ниво од она што беше заробена држава, можеби треба да не свести и како граѓани и секако како партии дека напуштањето токму на оние матрици на делување на кои што сме ги гледале не сме успеале доволно да ги анулираме,истакна Фросина Ташевска Ременски во Тема на денот на Сител.
Ременски додаде дека маскирањето на аномалиите од страна на власта во институциите доведе до поголема корупција, голем клиентелизам, широко распространет непотизам, политизација и партизација на сите процези и институции во државата.
– Треба да ја извадиме земјата од тој хибрид што подразбира користење на легални методи на делување но со примеси на нешто што не е дозволено. А, тоа граѓаните го препознаваат го казнуваат, ни упатуваат пораки колку знаеме да ги читаме не сум сигурна и не сум доволно убедена дека знаеме да ги протолкуваме до крај, појасни Ташевска Ременски.
Ново на Сител
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
-
Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
-
Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра, му рекле дека ќерка му имала сообраќајка и треба да се оперира
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки
-
Турски државјанин повреден при извршување градежни работи на автопатот Гостивар - Кичево
-
Лука Змејкоски освои бронзен медал, не се пласира во финалето на ЕП
-
Димова: Се ослободувам од вината дека сум злоупотребила европски пари