Ременски: Да си подадеме рака, се гледаме на победничките шини на СДСМ
Кандидатката за претседателка на СДСМ Фросина Ременски, по внатрепартиските избори во СДСМ изрази благодарност до досегашниот претседател Зоран Заев за придонесот во СДСМ и за постигнатото во изминатите периоди и упати честитки до Димитар Ковачевски и на Јован Деспотовски, нагласувајќи дека СДСМ ќе продолжи понатаму да работи во континуитетот на добрите политики.
Делевме една иста идеја за обединување, за победничко СДСМ, за обединет СДСМ, делевме идеи кои можат да не направат многу посилни, можат да не направат посамокритични и можат да не направат многу поуспешни не само пред нашите членови, симпатизерите, туку и пред граѓаните и тоа очекувам да го градиме како наша заедничка вредност, заедно со сите социјалдемократи, кои денеска излегоа да го дадат гласот за нас и за нашите програми, истакна Ременски.
Таа повика на обединувањето и почитување на социјалдемократските вредности слободата, единството, обединувањето и солидарноста
Обединети заедно, со концептот 28, ќе го врати СДСМ на победничките шини јас во тоа сум убедена, само доколку се обидеме сите заедно да го исправиме СДСМ пред сериозните предизвици што ги има во рамките на партијата и секако пред предизвиците на нашата земја која што бара брзи чекори напред во периодот којшто следи. Мора сите да седнеме на заедничка маса и да си ги подадеме рацете за да одиме сите сложно напред и да се спротивставиме на се што значи враќање на СДСМ и на Република Северна Македонија на некои минати времиња, порача Фросина Ременски.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-
Адвокатот кој стана министер за внатрешни работи | Панче Тошковски | Неформално | Sitel Podcast 059
-
Мајка го тепала синот и кршела по дома, таткото пријавил во полиција
-
Пронајдени куршуми во двор на гостиварско училиште
-
Силувана малолетничка која била пријавена за исчезната
-
Се утврдуваат причините за смртта на родилката од Куманово, новороденчето префрлено на скопските клиники
-
Голем пожар во фабриката за ајфон на компанијата Тата во Индија
-
Израелска армија: Убиен лидерот на Хезболах, Хасан Насралах
-
Британската влада ги повика своите граѓани веднаш да го напуштат Либан