Релиќ освои бронзен медал на Г1 турнир во Загреб
Македонската олимпијка во таеквондо, Милијана Релиќ, викендов во Загреб освои бронзен медал. Со ова, таа почна со собирање поени за Олимписките игри Лос Анџелес 2028 година.
На големиот меѓународен натпревар од светските Г1 турнири во Загреб, Релиќ поради доброто рангирање во првото коло беше слободна. Потоа, во наредното второ коло ја победи извонредната американка Хлое Чуа со 2:0 во рунди.Исто така, во борбата за медал, во нерешена борба и со одлука на судиите, Релиќ ја совлада и србинката Надја Савковиќ со скор 2:1. Во досегашните натпревари, Савковиќ извојувала три победи над нашата олимпијка.
Во полуфиналето во Загреб, Релиќ изгуби од шпанката Арлет Ортиз Бените.
Ново освоените поени се дел од светската и олимписката ранг листа како увертира за норма за Олимписките игри Лос Анџелес 2028 година.
Ново на Сител
-
Училишниот прибор ќе поевтини за најмалку 10 и 15%
-
Заврши обуката на пожарникарите – утре 352 лица ќе потпишат договори за работа
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп