Рекреативна велосипедска трка на Попова Шапка
Околу 300 натпреварувачи денеска ќе учествуваат на рекреативната велосипедска планинска трка, што ќе почне во близина на скијачките центри на Попова Шапка.
Трката е еден од централните настани на петиот Планинскиот фестивал Попова Шапка, којшто се одржува од 28 август до денеска. Трката е со должина од 42 километри.
Фестивалот годинава ќе биде домаќин на две велосипедски трки и два планински маратона, со главна цел на натпреварувачите, но и на останатите гости да им ги приближи природните убавини на Попова Шапка и да ги мотивира да ја посетуваат и во летната сезона. Во вечерните часови, за гостите се планирани забави и музика во живо.
Планинскиот фестивал Попова Шапка оваа година се очекува да привлече повеќе од 500 гости и натпреварувачи, во текот на трите денови додека е отворен.
Трката, како и фестивалот е во организација на спортскиот клуб ЕБТС и продавницата за велосипедски делови Пробајк од Скопје. Трката се оддржува со поддршка на Проектот на УСАИД за екпанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија.
Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, оваа година финансиски поддржува 10 настани низ Македонија во сферата на активниот и спортскиот туризам.
Ново на Сител
-
Петрушевски: Каде се СДС сега да го нападнат главниот обвинител Коцевски или да прашаат за некоја истрага?
-
И годинава атракција пловењето по Охридското Езеро
-
Македонија единствена држава на Балканот која нема своја историска база на податоци
-
Преглед на вестите од светот
-
Новите 352 пожарникари потпишаа договори
-
Тема на денот со Петар Богојески, Македонски концепт
-
Битката за Чаир клучна на локалните избори
-
Осуда од ВЛЕН за навивачките скандирања