Рекордно производство на струја во Глобочица и Шпиље

Хидроелектраните „Шпилје“ кај Дебар и „Глобочица“ кај Струга, кои го сочинуваат Црнодримскиот слив, лани забележале рекордно производство.
Тоа, како што велат надлежните во ЕЛЕМ, е резултат на поволната хидрологија на ова сливно подрачје, кое го сочинуваат реките Радика и Црн Дрим, како и навреме и успешно реализираните ремонти и ревизии на елекромашнската опрема.
-Во ХЕЦ„ Шпилје“ лани произведени се 314 милиони киловат часови електрична енергија, што е за околу пет насто повеќе од планот. Во ХЕЦ„Глобочица“ проивзедени се 227 милиони квч, што е околу 17 насто повеќе од годишниот план. Двата значајни електронерегетски објкети, кои работат главно според потрените на системот лани произеле вкупно 542 милиони квч, велат во ЕЛЕМ.
Во акумулациите „Дебарско Езеро“ и „Глобочица“ има резерва на вода за производство на 22 односно 20 милиони киловат часови електрична енергија.
Просечниот доток во акумулациите изнесува 110 метри кубни вода во секунда. Како резултат на тоа двата објекта работат под полн капацитет.
Обилните дождови го зголемија дотекот на вода а со самото тоа и нивото на акумулациите. Снегот кој во овој регион го има над 20 см во пониските делови и многу повеќе во планините е гарација за поголем дотек на вода во пролет, кога ќе почне да се топи снегот од планините.
Ново на Сител
-

Нетанјаху: Војната не е завршена, Хамас ќе биде разоружан
-

Ѓорѓиевски: Над 300 милиони е вкупниот долг на ЈП, до денес се над 500 отпуштени кои не доаѓале на работа
-

Претседателката Сиљановска-Давкова прими делегација на Меѓупарламентарната група за пријателство од шведскиот парламент
-

Трамп им се закани на контролорите на летање во САД веднаш да се вратат на работа
-

Во Словенија закажан референдум за асистираното умирање
-

Полицаец заедно со уште три лица краделе бакарни кабли од фабрика во Скопје
-

Американската армија уништи два брода осомничени за шверц на дрога во Пацификот
-

Биткоин надмина вредноста од 92.000 евра
