-->
-->
Рекордно намалување на бензините во последните 6 години - Дизелот под 50 денари
-->

Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 3 денари за литар, а дизелот и екстра лесното масло за домаќинство за 2 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Согласно одлуката, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 64 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 66,00 ден/лит. Новата цена на Евродизелот ќе биде 49 ден/лит, а на Екстра лесното масло за домаќинство 37,50 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС сега ќе изнесува 20,76 ден/кг.
Намалувањето се должи на пониската цена на нафтата на светските берзи во изминатиот 14-дневен период и на понискиот курс на денарот во однос на доларот.

-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Шанса за нов живот за прилепскиот уметник Златко Крстески по објавената социјална сторија на Сител
-
ЈКП „Водовод“ – Кочани се „дави“ во долгови, а нема ниту директор
-
Преглед на вестите од светот
-
Христијани го празнуваат Велики петок, денот на Христовото распнување
-
Охрид подготвен за туристите за Велигден
-
Преглед на вестите од светот
-
Културните работници ќе останат без плата за Велигден
-
Teма на денот со Јорданчо Ефтимов