Рекордни приносите на пченица
Домашното производство на пченица годинава ќе биде рекордно и првпат ќе покрие 80 отсто од вкупните потреби. Засеани се околу 80.000 хектари или 10.000 повеќе од лани, а се очекува принос од најмалку 240.000 тони.
Производителите бараат откупната цена да биде минимум 11 денари за килограм и засилени инспекциски контроли поради, како што рекоа на традиционалната манифестација „Ден на пченицата“, шверцот со сертифицирано семе.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков нагласи дека земјоделците ќе добијат најмалку цена која ќе им ги покрие трошоците и ако има потреба, во оваа насока ќе се искористат можностите од Законот за земјоделство и рурален развој според кој, откупната цена не може да биде пониска од производната. Цветков потенцира и дека од 2018 година нема да има субвенции за производителите кои не користат сертифициран семенски материјал.
- Имајќи ги предвид добрите временски услови, пченицата одлично напредува. Очекуваме рекорден род од просечни 3.000 тони на хектар ако до жетвата останат поволни временските услови, истакна Цветков.
Според претседателот на Асоцијацијата на земјоделци Ефтим Шаклев, за поголеми приноси, освен сертифицирано семе, неопходно е и засејување на сортите во погодни подрачја.
- Бараме да се направат опитни полиња во различни региони зашто се зголемува бројот на сорти пченица и јачмен кои даваат високи приноси, но некои не се погодни за одредени подрачја. Затоа мора да се експериментира, рече Шаклев.
Осврнувајќи се на шверцот со сертифицирано семе, напомена дека тоа го уништува угледот на вистинските производители, но и се губи довербата кај земјоделците.
Претседателот на Сојузот на земјоделците Вељо Тантаров потенцира дека сега е време да престане увозот на евтино српско брашно за да се откупи домашната пченица. Тој воедно апелира, производителите што поскоро да ги осигураат своите посеви.
Сопственикот на Агроунија и претседател на Агробизнис комората при Сојузот на стопански комори (ССК) Огнен Оровчанец, кој е и организатор на „Денот на пченицата“, смета дека моментно во Македонија сертифицирано семе се употребува за 30 до 40 отсто од вкупните површини.
- Употребата на сертифициран семенски материјал значи најмалку 30 проценти повисок принос без болести и воедначеност, подвлече Оровчанец.
Одговорајќи на новинарски прашања, министерот Цветков нагласи дека стратегијата и натаму е креирање сертифицирано, висококвалитетно производство, конкурентно на странските пазари.
- Ако сакаме да го зголемуваме земјоделското производство, мораме да применуваме наука. Не можеме да очекуваме конкурентни земјоделци, доколку не се користат современи достигнувања, најнови агротехнички мерки, модерни сознанија и технологија, рече Цветков и информира дека не само за житни, туку за сите култури науката ќе има приоритет. Предвидено е да се постават опитни полиња со култури во соодветни региони, јаболка во Ресен, грозје во Кавадарци,... и да се организира обука за земјоделците од страна на експерти по што ќе бидат изготвени и брошури.
Агроунија со денешната манифестација „Ден на пченицата“ одбележа 27 години постоење. Најави нови сорти од кои три се со рекордни, досега незабележани приноси.
Ново на Сител
-
Желба на Дурмиши е минималец од 600 евра, ССМ бара 450 евра
-
Регистрирана Комора на вештаци - Поголем квалитет во процесот на судско вештачење
-
25 години ДЗР
-
Абази со отчет за работата на Обвинителството за гонење на криминал и корупција
-
Мицкоски: Со реформи до поефикасна Администрација
-
Се готви новогодишната потрошувачка кошничка
-
Синдикатот не се откажува од барање за раст на минималната плата
-
Преглед на вестите од светот