Рекордни 24 претседателски кандидати за изборите во Бугарија на 14 ноември
– Рекорден број од 24 кандидати од партии, коалиции и иницијативни комисии се регистрирани во бугарската Централна изборна комисија во пресрет на изборите за претседател и потпретседател на земјата.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, на состанокот на ЦИК, регистрацијата на кандидатите предложени од иницијативниот комитет Венцислав Ангелов и Дарина Тодорова беше одбиена, бидејќи немаше доволно валидни потписи за поддршка на кандидатурите.
По дополнителен преглед, комисијата ќе донесе одлука за кандидатурата на Јоло Денев.
Лозан Панов и Марија Касимова-Моасе, предложени од иницијативниот комитет за претседател и потпретседател и поддржани од Демократска Бугарија, исто така, добија регистрација од ЦИК во постапка на недовршена верификација на потписите на кандидатската листа.
По барањето поднесено од Бугарскиот земјоделски народен сојуз, партијата нема да учествува во гласањето за пратеници. Денеска треба со ждрепката да се одреди редоследот на кандидатите на двете гласачки ливчиња.
Ново на Сител
-

Краделе кабли во „Железара“ и оштетиле електричен кабел вреден 800.000 денари
-

Без струја денес корисници од Центар и Шуто Оризари
-

Сиљановска-Давкова ќе одржи предавање на Правниот факултет во Загреб
-

Презентација на лесни оклопни возила „страјкер“ набавени од САД
-

Корејскиот амбасадор Донгбае во посета на Собранието
-

Макрон го повика иранскиот претседател да ги прекине нападите и да започне искрени преговори
-

Папата Лав изјави дека војната во Иран „станува се потешка“
-

Трамп ги повика Унгарците да гласаат за Орбан
