-->
-->
Рекордна заработка од „Ел класико“
-->
Барселона и Реал Мадрид одиграа уште еден спектакуларен натпревар, а Каталонците победија со 4:3 по пресврт.
Терминот од 16:15 часот очигледно беше планиран за маркетиншки цели, бидејќи можеа да го гледаат натпреварот во живо на сите меридијани во светот, и тоа се исплатеше.
Како што денес потврдија каталонските медиуми, Барселона заработила 13,8 милиони евра само од организирање на овој натпревар!
Каталонците додаваат дека ова е убедливо најголемата заработка кога станува збор за домашни натпревари во историјата на клубот и „Ел Класико“.
На сето тоа, треба да додадеме дека Барса го победи Реал по четврти пат оваа сезона, со што ја обезбеди шампионската титула, што може да ја потврди со победа над Еспањол во четврток во 21:30 часот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нови инвестиции и вработувања во ТИРЗ
-
УЈП го имала казнето сопственикот на Пулс, тој ја платил глобата, а му било запечатено другото кафуле во Кочани
-
30 семејства без вода во домовите во најтоплите денови од годината
-
Муцунски: Сакаме во ЕУ но имаме и црвени линии
-
Фетаи: Кривични за неуставниот попис
-
Расте бројот на странски инвестиции
-
Топлотниот удар го зема ,„Данокот“
-
Недостигаат хотели на брегот на езерото