-->
-->
Рекордна посетеност во шпанскиот кошаркарски шампионат
-->
Во шпанското кошаркарско првенство, поставен е нов рекорд на гледачи на еден натрпревар. На дерби мечот од 14.коло одигран синоќа во арената „Фернандо Буенса’’ во Виторија, дуелот меѓу Лаборал Куча и Реал Мадрид го следеа рекорни 15.554 гледачи.
Претходниот рекорд исто така беше во истата арена кога сезоната 2001/2012 дуелот на овие шпански ривали го следеле 15.504 гледачи.
Лаборал ја искористи големата поддршка од навиваите и го победи Реал со 86-80. Доскорешниот играч на „Кралевите’’, Јанис Бурусис беше најефикасниот кошаркар во победничката екипа со постигнати 24 поени, а Гркот имаше и 8 скокови. Двата тима имаат идентичен „скор’’ од 11 победи и 3 порази, две победи помалку од второ пласираната Барселона, односно три од досега не поразената Валенсија, која вчера пред својата публика ја победи Уникаха малага со 81-70.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Азир Алиу го промовираше Здравствениот совет - Најави и ангажман на лекари од приватно во јавни установи
-
Мерки против поскапувањето нема да има, ќе се води внимателна макроекономска политика
-
Фридман: Македонскиот јазик е жив и здрав
-
Заштита за „Македониум“
-
Преглед на вестите од светот
-
Пратениците во контрола на АНБ
-
СДСМ: Дали премиерот ќе го разреши Фетаи?
-
Oхридското езеро доведено до критична точка