-->
-->
Рекорден раст на новозаразени со коронавирус во Сиднеј
-->
Најголемиот град во Австралија, Сиднеј, забележа рекорден дневен раст на нови инфекции со коронавирус. Во последните 24 часа, регистрирани се 239 нови случаи – највисок број од почетокот на пандемијата.
Главната причина за комплицираната епидемиска ситуација е новата, делта-варијанта на вирусот. Поради таа причина, австралиските власти ги зголемија овластувањата на полицијата, што им овозможува да ги затвораат продавниците што не работат во согласност со анти-епидемиските мерки.
Повеќе од два милиони жители во осум жаришта во Сиднеј сега ќе треба да носат маски на отворено и не смеат да бидат повеќе од 5 километри оддалечени од своите домови. Сиднеј е во петтата недела од продолжената деветнеделна блокада, која треба да заврши на 28 август. Сепак, продолжува ширењето на многу заразна варијанта Делта, јавија локалните медиуми. Еден ден порано, државата Нов Јужен Велс информираше за вкупно 177 нови случаи на коронавирус. Сиднеј, дом на една петтина од 25-те милиони жители на Австралија, се бори со најлошиот бран на пандемијата оваа година, продолжувајќи го заклучувањето за уште еден месец од вчера. Досега се идентификувани повеќе од 2800 случаи, а 182 лица се хоспитализирани, 54 се на интензивна нега. Пријавени се два нови смртни случаи, со вкупно 13 смртни случаи во последниот бран.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Владо Мисајловски, носител на листа ИЕ2 од ВМРО-ДПМНЕ
-
Мицкоски ги повика Апасиев и Димитриевски на обединување
-
Парламентарни избори 2024
-
Претседателски избори 2024
-
МОН до основните училишта: Во саботите ќе се одработуваат неработните денови поради изборите
-
Оспорени 3.000 вработувања кои ги потпишал Бесими без врзан потпис, ДИК ќе одлучува дали ќе останат на работа
-
Компанијата „Еуромакс Ресоурсес“ со последно предупредување пред да ја тужи државата за рудникот „Иловица - Штука“
-
Скопје ја надмина бројката од 400 заразени со голема кашлица